Домашен туристички „бум“ во Унгарија

Турстичките места во Унгарија полни со домашни туристи.  Корона вирусот ги принуди Унгарците да летуваат во својата земја.
Речиси 1,4 милиони гости ги посетиле  туристичките места  во јули, од кои  1,2 милиони унгарски граѓани.

Тамошната Агенција за туризам проценува дека домашните промоции се исплатиле и ги мотивирале Унгарците да останат дома .

  • Според збирните податоци од првите седум месеци, до крајот на јули, 4,1 милиони гости поминале 11,3 милиони ноќевања во унгарските сместувачки капацитети, 65% од гостите биле домашни. Хотелите регистрирале 2,3 милиони гости и 5,4 милиони ноќевања. Според збирните податоци, до крајот на јули, 817 илјади гости престојувале во сместувачки капацитети во Будимпешта – стои во извештајот на Унгарската агенција за туризам.

    Како дел од акциониот план за економска  помош, владата ја изработи картичката за промоција на домашниот туризам.

Унгарците потрошиле скоро 8 милијарди форинти за сместување.

Најголем дел се сместувале во хотели, а помал број во приватни сместувачки капацитети, соопшти унгарската агенција за туризам.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста