Должничко-доверителски односи – мотив за синоќешното убиство во Арачиново?
Првичните сознанија по синоќешното убиство во Арачиново, укажуваат на тоа дека најверојатно се работи за нерасчистени должничко-доверителски односи. Дежурен јавен обвинител од скопското обвинителство синоќа изврши увид во Арачиново, еден маж е убиен, а уште еден потешко повреден. Се преземаат сите дејствија за расчистување на настанот. Од лице место се подигнати траги и материјални докази, обезбедени се и се прегледуваат снимки од видео надзор, на телото на починатиот ќе се врши обдукција. Првичните сознанија упатуваат на нерасчистени должничко-доверителски односи како можен мотив на сторителите, од кои едниот е лишен од слобода, а по другиот се трага“ соопштуваат од Обвинителство.
Според МВР на 01.11.2024 околу 19 часот од Ургентен центар Мајка Тереза во СВР Скопје е пријавено дека со повреди од огнено оружје биле донесени С.А. и А.А. од с. Арачиново.
Според пријавеното, во нив во село Арачиново било пукано со огнено оружје од страна на две лица кои биле со возило „Ауди”, известија надлежните.