Документацијата со мислењето за Мијалков Судот ја врати во СЈО бидејќи не била комплетна

Судија на претходна постапка ги врати документите во СЈО за мислењето промена на мерката притвор во куќен притвор за поранешниот директор на УБК, Сашо Мијалков, информираат од судот.

Според нив судијата утврдил дека предметот не е комплетен и е вратен на дополнително доуредување. А по добиениот уреден предлог судот веднаш ќе донесе решение.