Докторка со странско државјанство три години работи на Клиниката за детски болести

Докторка со странско државјанство три години работи на Клиниката за детски болести, дознава Алфа од свои извори во болницата. Таа нема македонско, но има двојно, албанско-грчко.Правните експерти велат дека ова се коси со законот повикувајќи се на членот 158 од Законот за здравствена заштита кој гласи:

Во здравствена установа може да работи лице кое ги исполнува општите и посебни услови.

  • Општи услови се:
  • Да е државјанин на Република Македонија

Но и законот за вработување на странци членот 4 со ставка 5 гласи:

  • (5) Договор за вработување или за работа склучен меѓу работодавач и странец кој не поседува работна дозвола, ќе се смета за ништовен.

Економскиот директор на Клиниката Ридван Ибраими ја демантира оваа информација.Вели таков случај немало во Клиниката за детски болести.

Алфа од истите извори на Клиниката дознава дека докторката има лекарска лиценца што ја обновува на секои шест месеци и има “некаков” статус за работа – но според законот таа е вработена незаконски. Решението за нејзиниот работен статус таа го гледала само во пописот и измените на законот за државјанство. Инаку докторката е мажена за македонц – албанец, а примена е од претходното раковдство на Клиниката кога на чело беше д-р Катерина Ставриќ.

Инаку, ова не е прв случај за незаконско работење на медицинско лице. Во февруари скандал ја стресе клиничката болница во Битола каде што докторка од Србија без лиценца учествуваше во пороперација со царски рез и поради тоа заработи поднесена кривична пријава до Основното јавно обвинителство (ОЈО) – Битола.

Ања Василева

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста