Докторите задоволни од укинувањето на економските директори на Клиниките
Наместо ред, донесоа хаос. Економските директори во јавното здравство и официјално заминуваат во историјата.Пратениците во собранието изгласаа законски измени со кои го укинаа постоењето на организациските менаџери од јавните здравствени установи.Според Владата, но и докторската фела, економските директори на клиниките, кои беа воведени за да се стави ред во трошењето на парите во здравството се покажаа како тотално нефункционални, и предизвикаа повеќе проблеми отколку што ги решија. Медицинскиот директор на Токсикологија, вели дека освен што ќе се заштедат пари со оваа реформа – здравствениот систем ќе работи по ефикасно и по транспарентно.
Со измените на законот, 40 функционери веќе нема бидат на државен трошок.Од сега со клиниките и болниците ќе раководи само еден менаџер, кој ќе биде одговорен за организацијата и работењето на установата, како и за законитоста во работењето. Со овој потег на Владата, за најмалку половина милион евра ќе биде побогата здравствената каса за една година.
Дека организациските директори скапо го „организираа“ здравството докажуваат и бројките.
За нивните плати годишно се трошеа повеќе од половина милион евра. Со груба пресметка ако во просек еден организациски менаџер зема плата по 1.500 евра, а такви се околу 100 функционери месечно од државната каса се прелеваат најмалку 150.000 евра.