Докторите алармираат – растот на смртноста може да се должи и на погрешниот пристап во лекувањето, Филипче повторно се повикува на светски трендови

Растот на починати од Ковид 19 е светски тренд, се правда министерот за здравство Венко Филипче откако Македонија се најде високо на листата европски земји со најголем број на починати од корона вирус. Но, доктори се погласно алармираат оти растот на смртни случаи може да се должи и на погрешниот пристап во лекувањето. Филипче признава, единствен алгоритам за лекување не постои никаде во светот, но вели протоколите тековно се усогласувале.

„Имаме пристап да воопшто не се препорачуваат лековите кои што не се докажани дека помагаат за оваа болест, лековите за кои што се дискутира се само за болничка употреба, а за другиот лек тоа е Фавипиравирот има 30-тина студии кои што се уште не се завршени. Во таа смисла матичните лекари постапуваат според клиничката слика и состојба. За оваа болест едноставно не постои алгоритам во светот кој што треба да се прати. Едноставно ние тоа го гледаме и кај пациентите кои што се лекуваат преку матичните лекари и тие во болнички установи

Дека постои опасност од грешки во лекувањето неодамна алармираше микробиологот Никола Пановски. Преку личен пример тој посочи на неконтролирано препишување на повеќе видови на антибиотици кои наместо полза, можат на направат непоправлива штета по здравјето на пациентите. Пановски се сомнева дека зголемениот број на починати можеби се должи на фактот што лица кои се лекувале во домашни услови и покрај благите симптоми добивале двојни дози на антибиотици, па поради тоа завршувале во болница.

Матичните лекари признаваат дека строги протоколи за лекување на ковид позитивни пациенти нема, а доктори апелираа до Министерството итно да објави алгоритам за лекување.

Во меѓувреме министерот смирува – мерките за заштита од корона вирусот вели дале резултат, а здравствените власти за сега не размислуваат за воведување на полициски час.

Биљана Божиновска

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста