Доколку сте во изолација мора да ја активирате апликацијата „Стоп корона“ на вашиот телефон

Владата на вчерашната седница донесе одлука за сите лицата кои се во изолација, тие на својот телефон задолжително мора да ја инсталираат апликацијата „Стоп корона“.

Државниот здравствен и санитарен инспекторат во секое решение за изолација што ќе биде донесено ќе наведе дека е задолжително инсталирање на апликацијата „Стоп корона“, заради поголема прегледност и контрола со цел превенција на ширењето на коронавирусот.

Секое прекршување на одредбите од решението за изолација ќе биде санкционирано со државен карантин.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста