Дојранско, Тиквешко и Беровско езеро со силно загадени води

Водите во Дојранско,Тиквешко и Беровско Езеро се со силно загадени води, покажува мониторингот на квалитетот на водите од трите езера што ги спроведе УГД и Инститот за комуникациски студии. Тие се класифицираат во Класа 4 и може да се употребуваат за други намени, но откако ќе се изврши одредена обработка. Според микробиолошките анализи во Дојранско и Тиквешко Езеро се детектирани бактерии со фекално потекло .

  „Во есенските мерења во Беровско и Тиквешко Езеро  се покаќаа високи концентрации на фосфор што укажува на преинтензивна употреба на ѓубрива во земјоделството и испиштуање на нетретирани отпадни комунални води од фармите„-изјави Дејан Андонов од Институтот за комуникациски студии.

За да се утврди дали ваквата состојба на езерските води влијае врз биодиверзитетот, потребни се пообсежни анализи. Она што треба да се направи е да се обрати поголемо внимание  на она што се испушта во езерата, а тоа се водите од септичките јами, канализации, нетретирани води.

  „Локално ни се појавуват . Во една проба имаме во друга немаме појава на нитрати или нитрити. Веројатно тоа покажува дека пак има нетретѕирани води. Градот Дојран има направено и прочистителна станица и делумно израдена канализациона мрежа , меѓутоа не е доволно и веројатно има испуштања „-изјави проф. Ѓорги Димов, УГД-Штип.

Сепак експертите смируваат, водата во езерата е далеку подобра, за разлика од речните води каде што покрај фекалии има и појава на метали. 

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста