ДОЈДЕ ДЕНОТ “Д“ ЗА МАКЕДОНСКИОТ ФУДБАЛ ПО КОЈ МОЖЕМЕ ДА СЕ ДОБЛИЖИМЕ ДО ЗАВРШНИЦА НА ЕП

По минимум три пролонгирања во минатите шест месеци дојде денот Д за македонскиот фудбал. Мечот со Косово од полуфиналето на Лигата Д од Лигата нациите што вечерва се игра во Скопје е најважниот спортски мегдан за нас во поновата историја, и тоа не заради некаков аномозитет кон соседот, туку заради шансата која се укажува да дојдеме на само еден чекор до настап на завршница на Европското првенство. Ние во минатите 30 години и покрај повремените блесоци и талентирани генерации сме биле далеку од таков стадиум и затоа дуелот на националната фудбалска арена Тоше Проевски носи предзнак, антологиски.

За жал во средбата што ќе се игра без гледачи и започнува во 20.45, влегуваме некоплетни, отсуствува, веројатно најталентираниот Елиф Елмас, но тоа не ја намалува амбицијата во нашиот тим.
Македонија не е во најсилниот состав против Косово иако Пандев е најавен за почетниот тим, но и гостинот е далеку од најдобрата постава, па прашање е кој како ќе се адаптира на новите услови, кој како ќе се прилагоди на 90-те минути со таква тежина и значење. Тоа е вториот меч од полуфиналето во Лигата Д во Лигата на нациите зошто попладнево играат и Грузија и Белорусија, а победниците ќе вкрстат на 12 ноември кога ќе бидат познати сите преостанати учесници на Европското првенство кое доживеа поместување за догодина, но останува да се одржи во 12 града низ континенот.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста