Додека низ светот се подготвуваат за летото во корона време, за Охрид се уште нема никаков план

Довчерашните концесионери кои стопанисуваа со охридското крајбрежјето сметаат дека ќе биде неприменливо одржувањето на социјална дистанца на плажите. Познати им се мерките за заштита на посетителите од коронавирусот, кои од почетокот на месец јуни ќе почнат да ги применуваат туристичките дестинации во соседството  поставувајќи  лежалки со заштита од плексиглас на оддалеченост и до 3 метри. Туристичките работници смислуваат различни идеи за безбеден пресој на плажите ова лето, како контролирање на бројот на луѓе на плажите,зголемување на бројот на вработени лица кои со заштитна опрема на себе, ќе котролираат да нема групирање на плажите и во вода, да дури размулуваат временски да го органичат престојот на плажа за различна возрасна категорија-и ова се само дел од мерките кои се разгледуваат секаде во европските летувалишта, но не и кај нас. И додека концесионоерите се скептични дека ваквите мерки би профунционирале кај нас, од министерството за здравство сеуште нема предлози како да до безбедна летна сезона.

-Плажа на дистанца е неизводлива,теоретски можда да, практично не. Ако во рестораните можете да примите одреден број на гости и да ја затворите вратата,на плажите тоа е логични неизводливо.Оваа ситуација ќе захтева многу персонал,туризам со маски и скафандери е тежок за работа,но што е тоа е, изјави концесионерот Љупчо Нечкоски.

Градоначалникот на Охрид пак смета дека на отворено може да се држи социјална дистанца, ама маката е што знак прашалник е како воопшто би функциорале плажите кога на сите концесионери им се истечени договорите за стопанисување.

 -Проблем е што добар дел од тие плажи функционираат како кафичи преку ден,како ноќни клубови на вечер и нивниот друг дел од обавување на дејност е проблемачитен, а не плажата. – Изјави Константин Георгиески-градоначалник на Охрид

Концесионерите бараат Владата да донесе уредба и да им ги продолжи договорите за стонанисување под одредени услови кои тие ќе ги почитуваат.

Росица Голабоска     

top

 

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста