Додека Македонија цело време попушта, други држави не бранат за бугарските уцени околу историјата

За разлика од Македонија, Словачка и Чешка не попуштаат пред Бугарија. Очигледно други земји повеќе ја бранат државава, од самата македонска власт. Ова доаѓа откако токму овие две држави, го блокираа усвојувањето на заклучоците на ЕУ, во кои и официјално требаше дел да станат бугарските уцени и условувања кон Македонија.

На ваквиот потег на владите во Прага и Братислава, реагираше Бугарија. Од тамошното МНР изразуваат жалење, што заклучоците на Советот на ЕУ за процесот на асоцијација и стабилизација, без образложение биле блокирани од две земји членки.

-Бугарија ги одобри заклучоците на Советот за време на состанокот на КОРЕПЕР II на 16 декември, при што германското претседателство постигна консензус. На инсистирање на Бугарија, во заклучоците беше додадена реченица за важноста на договорите на Република Македонија со Бугарија и Грција и дека нивното спроведување ќе стави крај на сите тврдења засновани на погрешно толкување на историјата. За време на состанокот, заклучоците беа одобрени од сите, велат од бугарското МНР.

Но чуму оваа поддршка од Чешка и Словачка, кога Македонија цело време попушта пред бугарските барања. Па, така Гоце Делчев за Заев, покрај македонски стана и бугарски херој, бугарскиот фашистички окупатор не бил фашист, а со Бугарија сме имале заедничка историја. Сите овие ставови беа кажани од премиерот во едно интервју, зборови кои сигурно ја поставија Македонија во многу понезавидна ситуација во преговорите со источниот сосед.

-Гоце Делчев е револуционер и за Бугарите и за Македонците, кој што се борел и за слободата на Македонија и за Одринско и за се и тоа е апсолутна реалност, изјави Заев.

-Тоа не е така, Бугарија не е фашизам, Бугарија е нашиот пријател. Имало некој пат некоја администрација во тој момент на почетокот, изјави Заев.

-Ние немаме споделена историја, немаме ни вкрстена историја, ние имаме заедничка историја. И тоа е заедничка, и таа историја, од неа се создале и македонскиот и бугарскиот народ, и македонскиот јазик и бугарскиот народ, изјави Заев.

Како што пишува „Дојче Веле“ последните случувања се сметаат за прилично проблематични. Во текстот се вели, трагично е за Западен Балкан што во политиката на проширување повеќе табори во ЕУ меѓусебно се блокираат, што испраќало „катастрофален сигнал“ кон Балканот и отвора шанса за други актери.

Матеја Петровски

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста