Додека чекаат помош од државата спомениците во Штип можат да станат прашина

Не постои опасност   заштитените куќи под тврдината Исар во Штип да се урнат, смируваат од штипскиот музеј откако сопствениците со петиција реагираа против решението  сообраќајот  од Струмица и РАдовиш за Скопје и КОчани, поради изградба на експресен пат целосно се пренасочи покрај овие дотраени куќи кои се во центарот на градот. ..

  „Хипотетички секогаш постои простор за такво нешто, меѓутоа куќите не се во таква состојба за да паднат од обични возила движејќи се покрај нив. Тоа се приватни куќи и ние како институција не можеме да влијаеме.  Можеме да понудиме само конзерваторска и советодавна логистика„-изјави Мите Штерјов, директор на МУзеј на Штип

 Од денес  со пари од Источен плански регион  ќе започне  и реконструкцијата и саат кулата..

 „ Проектот предвидува изградба на дрвени скали во внатрешноста на самата кула и повторно ставање во функција на механизмот на часовникот кој потекнува од 19век„-изјави Сашко Николов, преседател на совет на градоначалници на ИПР

 Забот на времето ги голта и последните споменици оставени како културно наследство. Околу петнаесетина  вакви споменици во Штип поради негрижата од државата пропаѓаат. Се руинира Свети Илија, а од архитектура автентична само за револуционерното Ново Село  останати се само цигли, стари даски и шут.  Само на лист хартија остана и реконструкцијата на четирите куќи што  Општина Штип ги доби како подарок од Жан Митрев. Откако Источнио планскиот регион не одобри средства, од нив раце кренаа  и од општината.

Александра Ристевска  

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста