Доцни сеидбата на ориз во Кочанско

Доцни сеидбата на ориз во Кочанско алармираат оризопроизводителите. Поради ненавремено пуштање на водата за наводнување тврдат дека им се заканува  уште една катастрофална година. За разлика од лани кога во овој период оризот беше насеан, годинава нивите се суви, се жалат земјоделците кои објаснуваат дека поради лошите политики се на работ на егзистенцијата.

Друг проблем што ги тишти оризопроизводителите се неисчистените вади и канали за наводнување.

Од Водостопанство Брегалница контра оризопроизводителите, сметаат дека станува збор за политичка игра. Проблем со овогодинешната сеидба нема, а водата се пушта согласно распоредот. Што се однесува пак до каналите само годинава се исчистени 230километри од каналите.

Досега  се посеани околу 50% од предвидените површини, а годинава површини под ориз во кочанскиот регион се намалени за 1000 хектари.

Александра Ристевска

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста