Доцна најавениот викенд-карантин, трговците ги затекна неподготвени

Доцна најавениот полицискиот час во главниот град донесе големи проблеми за угостителите и трговците. Големите супер маркети кои за време на претходните викенд карантини работеа со полна пареа за достава на продукти до граѓаните, овој викенд ги затекна неподготвени, дел од нив, не вршат достава. Се поставува прашањето дали угостителите и трговците имаа време да се снабдат со доволно залихи како би можеле да им овозможат достава на своите потрошувачи?

За разлика од големите маркети, маалски продавници 80 часовниот карантин го дочекаа далеку поподготвени.

Одреден број на локални маркети низ општините вршат достава на граѓаните со дозвола од надлежните. Трговците сметаат дека по вчерашниот метеж во продавниците многу од луѓето немаа доволно време да испазарат за викендот, па ќе мора да бараат алтернатива во телефонските нарачки. Алкохолот е прв на листата за достава, а потоа следуваат прехрамбените производи

Навистина доцна најавија дека ќе има полциски час но ние како локална продавница имаме постојано залихи за нашите потрошувачи. На прво место, најмногу се нарачува алкохол, прехрамбени производи итн – вели за Алфа, трговецот Дамјан Донев.

И угостителите кои имаат дозвола за достава на храна не очекуваа дека ќе следат вакви рестриктивни мерки.

Не затекна неподготвени, не знаевме дека ќе има полициски час но имаше најава. Ние кои вршиме достава мора да работиме, нема многу работа, подготвени сме со залихи, но се зависи од динамиката на работа – вели Трајче Толевски – угостител.

По вчерашниот хаос низ маркетите и пазарите, дел од луѓето решија да нарачуваат преку телефон, но овој викенд изборот на маркети е далеку помал од изминатиов период.

 Адријана Алексиеска

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста