Дочек на 2022 во Скопје – журка на Плоштад, преполни кафулиња

Искрени желби, прегратки, здравица за подобра и поуспешна година – поклопувањето на стрелките на часовникот го означи почетокот на 2022. Со централна прослава на плоштад Македонија и без спектакуларен огномет граѓаните го дочекаа први јануари.

Стигна новата 2022 година – граѓаните со оптимизам излегоа да прослават. Си посакаа многу здравје, среќа, љубов.

За разлика од лани, оваа година, без посебни рестриктивни мерки, граѓаните се забавуваа и во кафулињата, рестораните дискотеките.

Забава имаше дури и пред кафулињата.

Пред дочекот на Новата година, граѓаните открија и што им посакуваат на политичарите.

Се чини дека луѓето за момент заборавија на сите проблеми кои ја одбележаа тешката 2021, во која најмногу ги погодила пандемијата, економската нестабилност, енергетската криза. Очекуваат дека овие 365 дена ќе бидат подобри од претходните на личен план, но посакаа и поубави денови за државата.

Адријана Алексиеска

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста