„Добрососедски“ шлаканици од Софија, Каракачанов ни кажа што се очекува од Македонија

Ќе кажеме НЕ за меѓу владина седница со Македонија за почеток на преговорите со ЕУ, ова е изјавата на бугарскиот вицепремиер и министер за одбрана, Красимир Каракачанов, нагласувајќи дека „зборува во име на владата“. На само 5 часа откако Заев и Пендаровски повторно и подадоа рака на Бугарија, особено не спротивставуваќи  се Гоце Дечлев да го слават и Бугарите, од официјална Софија уште една “врела шлаканица” , – патот на Македонија кон ЕУ, води преку Софија.

Бугарија треба да се спротивстави на првата меѓувладина конференција, ако држи до националните и европските интереси. Пред неколку дена копретседателот на Заедничката комисија, Драги Ѓоргиев имаше остро однесување. Тие луѓе немаат никаква намера да водат искрен дијалог со Бугарија, изјавил Каракачанов за бугарските медиуми.

Каракачанов вели  дека Македонија имала три години од потпишувањето на Договорот за пријателство за да ги подобри билатералните односи. Според бугарскиот вицепремиер, официјална Софија немала што да менува во својата политика.. Кракачанов, во изјавата за БГНЕС, не остава простор дека некој може да ја натера Софија да попушти..

„Тие замислуваат дека некој во Брисел или низ целиот свет ќе ја притисне Бугарија и ние ќе клекнеме. Очигледно, тие не разбраа што е ЕУ и како работи. Имаа три години да се превоспитаат“,изјавил Каракачанов.

Нашата министерка за одбрана, Шекеринска, пак за изјавата на Каракачанов благо одговори дека не била во духот на Договорот за добрососедство.

Очекуваме нашите сојузници и нашите пријатели да му помогнат на регионот, а не да му одмагаат. Единствен начин да помогнеме на овој регион е да му дадеме шанса да има подобра и европска иднина. И јас очекува сите земји и пријателска Бугарија ќе функционираат на таков начин, рече Шекеринска денеска.

Но сепак останува отворено прашањето ,каде ќе биде крајот на бугарските условувања? Покрај Договорот кој го потпишаа двете влади на Македонија и Бугарија, Софија отиде и чекор понапред, излезе со нов меморандум со нови ултиматуми за да дозволи  почеток на преговорите на Македонија за влез во европското семејство. Во преговарачката рамка бараат да влезат прашања како она за националноста на Гоце Делчев и македонскиот јазик.

Вчера и Заев и Пендаровски, порачаа дека не е спорно ако Бугарија го чествува Делчев како свој херој. Нивниот обид за балансирана изјава, со која нема да ја иритираат бугарската страна, не помина во Софија, која очигледно го користи теркот на Грција, и сака да ги затвори сите прашања кои за неа се важни, пред Македонија воопшто да седне на преговарачката маса со ЕУ.   

Мери Ѓорѓиевска

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста