Добиточните пазари се отворија, сточарите ги нема

Денеска, добиточниот пазар во Битола повторно беше отворен после 45 дена, откако претходно, поради мерките за заштита од корона вирусот Агенцијата за храна и ветерина со решение имаше изречено забрана за продажба на стока на сите доботични пазари во државата. Меѓутоа, после крахот со откупот на јагнињата што се случуваше претходните два месеца, кога многу мина производители во овчарството настрадаа и јагнињата им останаа во трлата, сега објективот на нашата камера регистрираше уште една жална слика. Малку сточари и малку стока.

Полсе еден и пол месец, добиточниот пазар во Битола повторно е отворен. Но, најкусо што можеме да оцениме е- мал промет и мала заработувачка.

Сточарите  што дојдоа да продаваат, главно крупен добиток, беа разочарани поради ниската цена и малиот интерес за купување, а некои веднаш си заминаа. Или, како што рече еден сточар , тука се плаќа само 120 денари за кг јунешко, а во касапница 400 денари.

Тешко време и тешко оди пазарот оти луѓето немаат пари. Еве, донесовме стока и сега се враќаме- рече Флорин Петковски од с. Добромири.- Слабо, се плашат луѓето уште, а и цената не оди како што треба- рече Мендо Стевовски од с. Мегленци.- тешко е, алуѓето уште не се информирани – рече Трајан Ристевски од с. Долно Оризари. – цената е 120 до 130 денари по кг, богами тешко е- рече еден пазарџија.- нема исплатливост, ама мора малку да се врти- Рамадан Мурати од с. Радожда.- нема ниту интерес, ниту стока- рече Рамадан Мурати, од с. Радожда.

За лошата слика да биде уште полоша, битолскиот добиточен пазар е вистинска руина со супстандардни услови, без тоалети, вода и никакви хигинески услови особено во време на корона, како што велат сточарите.

Ние само да платиме, ја прскаа приколицата од короната и двестотки таа, сега и лекарско 220, а во вторник пак истото со прскање. А овде нема раце каде да се измиеме, а нема ниту клозет и се криеме како куќињата зад камионите- рече Никола Јовановски сточар од Долно Оризари.- Носам јунец, дома го вагав и гледам овде 50 кг помалку. Ова не е вага, кој ја има баждирано? Нека ја проверат, оти не може толку да се измоча и да калира толку. Овде нема ниту каде да се измиеш, нема вода, нема ништо, ниту клозет- рече Ќемал Мухиќ од с. Канатларци

И колку за заокружување на денешниот лош впечаток, настрана што беа дојдени сточари од најкризното струшко жариште со Ковид- 19, во предизборната кампања за локалните избори, битолската градоначалничка со тимот од СДСМ ветија изградба на нов добиточен пазар во периодот од 2017 до 2020 година.

Петар Стефановски 

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста