Доби 7 години затвор, ама Катица Јанева уште е дома

Катица Јанева: Неможе да ме сменат мене. Како мислите да ме сменат?

Вилма Рускоска: Си беше еден филм чарлиевите ангели. Имаше една госпоѓа Катица Јанева која влезе во тој филм велејќи дека никој ништо не и може. Со тоа не се посрамоти само себе, не ја злоупотреби само функцијата специјален јавен обвинител, туку ја предаде довербата на народот..

Помина една година откако полицијата по налог на Јавното обвинителство влезе во домот на Катица Јанева и ја приведе, а неколку месеци подоцна и судот ја осуди на 7 години затворска казна за злоупотреба на службената положба и овластување во случајот „Рекет“. Поранешната јавна обвинителка се уште е во домашен притвор ја чека правосилноста на пресудата.

Од прв специјален обвинител до осудена за криминал, вака изгледаше патот на Јанева, која беше на чело на СЈО, институција која требаше да донесе правда во Македонија.

Јанева и нејзиното СЈО беа над сите закони, поддршката од меѓународниот фактор, власта на СДСМ ДУИ, неваладини организации, па и голем дел од граѓаните и ја дадоа моќта.

За неа сите капии и врати беа отворени, пред по работно време. Во судот секој ден имаше судски рочишта, се случуваше по три во ист ден или по две во ист час.

Бројчаникот на Тримфалната капија што го постави Заев, требаше да бележи колку пари СЈО преку откриени корупциски криминали на претходната власт предводена од ВМРО ДПМНЕ, враќа кај граѓаните заглави на нула. За 4 години мандат специјалниот тим на Јанева имаше три решени случаи, меѓу нив Тенкот за кој беше осуден екс премиерот Никола Груевски-           

  • СЈО беше формирано за да се сруши ВМРО- рече Гордан Калајџиев.

Плати, надоместоци, прекувремени, додатоци, се на се за 4 години 12 милиони евра ги чинеше граѓаните СЈО. Висината на платите остана тајна, а ако не беше сајтот отворени финансии немаше да дознаеме ниту за стотиците илјади евра кои завршувале во џебовите на обвинители и истражители од СЈО по основ на додатоци. За 4 години 10 специјални обвинители плус  Катица Јанева зеле надоместоци од над 1 милион евра.

Јанева од обвинител за правда во име на мирот, стана обвинета за злоупотреба на службената положба и овластвуањето. Нејзиниот крај како специјален обвинител беше крај и за СЈО .

  • Вие постоите додека постојам јас..- рече Катица Јанева.

Катица ја затворија, а веќе не постои СЈО.

Мери Ѓоѓиевска