ДО УТРЕШНИОТ ДУЕЛ НА МЗТ СКОПЈЕ И ПЕЛИСТЕР ДЕНЕСКА НА АБА 2 ТУРНИРОТ ВО ОСИЈЕК ИМА ТРИ МЕЧА

Утре во Осијек ќе има македонска пресметка во рамките третото коло во АБА 2. Кошаркарите на МЗТ Скопје и Пелистер ќе играат од 15 часот за втори победи и место меѓу оние што на почетокот од вториот балон ќе се сместат на врвот. До дуелот кој за нас е најинтересен во овој дел од сезоната денеска на истото место име средби на Ловќен и Хелиос, на Војводина и Рогашка и на Сутјеска и Осијек. Овој турнир содржи две рунди, па битолчани во петок ќе играат со Војводина, а Аеродромци со Осијек.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста