До село Луковица по земјен пат- Лошата инфраструктура ги празни полошките села

Во 21 век,до тетовското село Луковица,може да се стигне по овој земјен пат,кој е во многу лоша состојба, особено во зима и дождливи денови.

Мештаните на ова планинско село 20 години чекаат асфалтирање на патот, но освен ветувања, од надлежните не добиле ништо.Се работи за делница од 6,5 км,за која имаат изработено и проект.Но, се жалат дека кај властите нема никаков интерес.

Во Луковица живеат 30-тина жители.Но, непристапноста до селото е причина што дел се веќе отселени.Поради поволните природни услови развиено е сточарството, но и тоа трпи и полека се напушта од лошата инфраструктура.

Во општина Желино,каде припаѓа селото се правдаат дека немаат намера да го асфалтираат патот,оти во нивниот буџет немало предвидено средства за локални патишта.Ако дала Владата ќе се размислувало за проектот.

Инаку, со Луковица слична судбина делат и многу други села во полошко, кои поради лоша инфрастсруктура,се повеќе се празнат.

Милена Стојановска

Advertisements