До потемен тен само со една состојка

Знаеме дека сончевите зраци ја уништуваат кожата, можат дури и да предизвикаат канцер, па многу жени се штитат од сонце, а бронзениот тен го добиваат така што купуваат препарати за самопотемнување.

Но ако не им верувате на препаратите, ви предлагаме едноставен рецепт за препарат по кој кожата ќе ви биде како свила, а тенот бронзен. Се прави само од една состојка, важно е само пред неговото нанесување, добро да го подготвите телото со пилинг.

Овој препарат многу лесно се премачкува, а помага и за изгореници од сонце. Ќе бидете воодушевени!

Од состојки ви треба само црн чај! Во 2 дл вода додајте 2 супени лажици црн чај, оставете го да се олади половина час, процедете го чајот, сипете го во шишенце со пумпа и испрскајте го производот на целото тело и секако на лицето.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста