До крајот на неделава ќе се знае за колку ќе поскапи струјата, од Владата уверуваат дека нема да е драматично

Поскапувањето на струјата е се позвесно, а сметките за струја најверојатно ќе се зголемат за над 10%. За колку точно ќе пораснат сметките за струја, ќе се знае кон крајот на оваа недела. Понудата што А.Д. „ЕСМ“ ја достави на петтиот тендер на „ЕВН Хоум“ изнесува 41 евро за мегават час, односно зголемување за 13,6% повеќе од сегашната цена. Министерот за финансии рече дека за да се ублажел ценовниот шок, ќе се зголемело сопственото производство, односно во фукнција ќе се ставеле сите компании за производтсво на струја.

  • Покрај тоа, Министерството за економија во координација со МТСП и Светска банка разговара за соодветно дизајнирање дополнителни мерки во рамките на овој предвиден буџет, рече министерот за финансии, Фатмир Бесими.

Тој додаде дека Владата постојано ги следи случувањата на европскиот енергетски пазар и како тоа се одразува врз цените, така ќе се креираат соодветни реакции. Потсети дека за зголемување на сопствено производство на струја, се направи дополнителна набавка на јаглен, а се вклучи во употреба и ТЕЦ „Неготино“.

  • Во буџетот за 2022 година предвидени се дополнителни 10 милиони евра за докапитализација на ЕСМ, а се проширува и програмата во опфатот за антикризни ковид и други кризи во земјата, за што се резервирани околу 90 милиони евра. Дополнително се предвидени 30 милиони евра во Програмата за зелен развој, рече Бесими.

Цената на чинење во овие домашни производни капацитети во оваа фаза, според него, е се уште пониска од цената на електрична енергија на светските пазари.

Дополнително, проблем од следната година е што ДДВ-то од сегашните 5% се враќа на 10%, плус поскапиот увоз. А капак на се ќе биде и евентуалното укинување на евтината тарифа. Пресметките на една конкретна сметка од 3.209 денари, покажуваат дека таа би се зголемила на 4.043 денари.

И поктај ова, министерот уверува дека ценовниот шок немало значително да се почувствува.

Од Регулаторната комисија за енергетика велат дека цената на струјата се определува врз основана правилници донесени од РКЕ, но требало да се пресметаат загубите на енергетските компании.

Првиот човек на РКЕ, Марко Бислимоски рече дека пристигнало првото барање од компаниите за зголемување на струјата, при што Електродистрибуција побарала зголемување на цената на струјата од 100%.

Борис Грујоски

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста