До кога ќе молчи командирот на полициската станица каде се случува сексуално малтретирање на полицајки

Македонија денеска го започнува 16 дневниот активизам против насилство врз жените а во државни институции кои треба да го спроведуваат законот се уште се случуваат грозоморни уцени и сексуални притисоци врз жени.

Неколку дена откако во кумановската касарна  се случи обид за силување врз припадничка на АРМ во Скопје се откриваат детали за полициски кој од позиција на моќ сакал да ги исполни своите сексуални страсти.  Ги повикувал на „Пиџама забава“, ги понижувал и уценувал, отворено барал сексуални односи од потчинети.  Полицискиот службеник од полициската станица во Автокоманда со во повеќе наврати сексуално малтретирал полициски службенички од позиција на моќ и надреденост, се вели во документите до кои дојде ТВ Алфа од полициски извори. Полицаецот љубовник се уште е на слобода и се уште ја врши својата влијателна полициска функција.

На случајот работат инспектори од одделението за крвни и сексуални деликти  при СВР Скопје и одделот за внатрешна контрола  од каде се осудува секакво сексуалното вознемирување.  Извори од овие институции велат дека се стега јамката околу вратот на љубовникот во редовите на МВР и дека наскоро случајот ќе биде расчистен. Во прашање се повеќе службенички на МВР кои биле под постојан сексуален притисок

Полицискиот службеник од станицата во Автокоманда од своите потчинети освен што директно барал сексуални контакти барал да доаѓаат на работа и кога не биле на смена, им нудел да ги носи во хотели надвор од Скопје со своето приватно возило. Притоа полицаецот барал да има интимни односи со своите колешки но да нема никаква одговорност кон нив за сексот со нив да не му влијаел на бракот.

Алфа го побара командирот на полициската станица во скопска автокоманда Сашо Велковски за да даде информација и објаснување што се случува во станицата со која тој раководи.  Жртвите на полицискиот службеник засега чекаат соодветна реакција од МВР за обидот за обљуба како што се наведува во еден од случаите.  Од МВР неофицијално се дознава дека случајот е речиси затворен и дека ќе има сериозна одговорност од полицискиот службеник.  Доколку сепак поради блискост на полицаецот со високи функционери во МВР тој биде амнестиран Алфа има информации дека во јавноста ќе бидат изложени детали за сексуалниот криминал на долгогодишниот полицаец.

16 дневниот активизам против насилство врз жените започнува денеска а завршува на 10 декември.

Горан Момироски

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста