До четврток извештајот од онкологија треба да му биде доставен на Таравари

До четврток извештајот од онкологија треба да му биде доставен на Таравари

Менаџментот на Клиниката за Онкологија го подготвува извештајот како да се подобрат условите за третман на онколошките пацинети. Ќе се бараат нови вработувања на доктори, медицински сестри, радиолози и физичари. Но и набавка на современа биолошка терапија за најтешко болните. Директорот на клиниката, Игор Стојковски најдоцна до четврток треба да му го достави целосниот план на министерот Таравари.

И онколошките пациенти бараат позитивни промени. Тие се надежни дека конечно ќе се подобри ситуацијата и ќе добијат соодветен третман.Велат, за да се врати довербата кај пацинетите треба конечно ситуацијата да се мрдне од мртва точка.

Пацинетите освен што се надеваат дека ќе се прошири позитивната листа на биолошки лекови, бараат здравствените власти да се поосветат на превенцијата за болеста.

За да се подобри ситуацијата на Клиниката за онкологија министерот Таравари има сериозна намера да најде чаре и како да ги активира онколошките амбуланти во Тетово, Битола и во ГОБ „8 Септември“.

Дека состојбата со кадарот на Клиниката за Онкологија е алармантна, покажуваат и бројките. Во цела Македонија има само 46 онколози од кои дел се во приватните болници.Дневната болница на Клиниката каде дневно стотици пациенти примаат терапија работи со само четири медицински сестри. Петнаесетина сестри заминале во странство и најголемиот проблем со организирањето на дневната болница е тоа што нема персонал.

Има 21 радиолошки технолози на Клиниката со фреквенција од 200 пациенти дневно кои доаѓаат на радиотерапија. Освен тоа огромен дел од радиолошките технолози имаат над 55 години што значи дека државата мора да почне да развива стратегија да создаде кадар за кога тие ќе заминат во пензија. Многу мал е бројот и на физичари, има само 7, иако светските препораки се да бидат над 20.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста

COMMENTS

Wordpress (0)
Disqus ( )