Дневен хороскоп 29.03.2021 год

ОВЕН

Концентрацијата не ви е најдобра, така што најдобро е да бидете внимателни ако потпишувате документи и правите нови планови. Односот со саканата личност е емотивно интензивен и задоволителен. Проблеми со дишните органи.

БИК

Задоволни сте од ситуацијата на работа и размислувате за нов предизвик. Односот со партнерот не е најдобар. Чувствителни сте, лесно се навредувате, и бурно реагирате. Ограничете го внесувањето на храната.

БЛИЗНАЦИ

Ако сте приватник, ќе имате проблеми. Немојте да ветувате повеќе од она што може да го направите. Задоволен се од врската и несвесни дека другата страна е затворена кон вас. Внимавајте на дишните органи.

РАК

Ве очекува зголемен обем на работа, меѓутоа како што сте вредни и добро организирани, се одработувате без никакво одложување. Многу сте љубоморни, но се трудите да не го покажувате тоа отворено. Стабилно здравје.

ЛАВ

Многу е важно да бидете сконцентрирани и внимателно да го анализирате било кој документ кој треба да го потпишете. Односот со партнерот не е најдобар во смисла што се карате и се лажете меѓусебно. Внимавајте на дишните органи.

ДЕВИЦА

Се соочувате со проблеми на работа. И покрај вложениот труд да ги решите, не успевате. Свесни сте дека брачниот партнер не е искрен кон вас и поради тоа доаѓа до караници. Коските се чувствителни.

ВАГА

Работните планови кои ги правите се основаат на желбите и соништата. Бидете внимателни ако некој ви нуди соработка, затоа што може да ве излаже. Не се чувствувате добро во врската, но не знаете што ви недостасува. Организмот е чувствителен.

ШКОРПИЈА

Имате проблем со концентрацијата. Од таа причина правите грешки кои дури не ги ни приметувате. Емотивната врска не напредува. Причината е тоа што не сте искрени и затворени сте кон партнерот. Повреди се можни.

СТРЕЛЕЦ

Работната ситуација е стабилна и работата ја одработувате рутински. Пред вас е ново познанство кое нема да го започнете на вистински начин, во смисла дека нема да бидете искрени кон другата страна. Внимавајте на исхраната.

ЈАРЕЦ

Ве очекува динамичен работен ден. Со колегите комуникацијата не е најдобра, а некои состаноци може да бидат одложени. Во целост сте задоволни од врската и несвесни дека партнерот не е во целост отворен кон вас. Внимавајте на грлото.

ВОДОЛИЈА

Заинтересирани сте за отпочнување на нов проект. Тоа што ве загрижува се финансиите. Емотивната врска минува низ кризен период и полна е со проблеми, лаги и несогласувања. Наклонети сте кон прејадување.

РИБИ

На работа ситуацијата е регуларна. Се се одвива според планот. Во емотивна смисла сте несигурни и наклонети кон љубомора. Партнерот е стабилен и нема потреба да се грижите. Бешиката е чувствителна.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста