ДКСК не гледа причина за оформување предмет за третиот сет владини мерки

Антикорупциска не гледа причина да оформи предмет за дел од претставниците на владата, кои во третиот сет мерки промовираа парична помош за невработените, социјалните случаи,студентите и средношколицте во предизборен период, иако според дел од правниците сметаат дека има причина за да се отвори случај по допрен глас.

Од Државната комисија за спречување корупција велат дека немале причина за испитување на случајот.

Со член 8 од Уредбата со законска сила за прашања поврзани со изборниот процес утврдено е дека од денот на стапување во сила на оваа уредба па се до денот на престанок на вонредната состојба не се применува членот 34 од Законот за спречување корупција и судир на интереси.

Третиот владин сет мерки освен што дел од експертите го нарекуваат легален поткуп пред избори, се коси и со законот за спречување корупција и судирот на интереси , предупредуваат правниците.
Познавачите на правото велат дека владините правници изгледа заборавиле да ја стопираат важноста на членовите 33 и 34 кои предвидуваат забрана за вонредни исплати во период од денот на донесувањето на одлуката за распишување на избори за пратеници до денот на завршувањето на изборите.

Предметот треба да оформи против одговорните лица во владата со цел да се спречи владата во намерата да го тера очигледниот предизборен поткуп на терен. Исплатата на третиот пакет мерки во време на вонредна, но и предизборна состојба е спротивна на Законот за спречување на корупцијата, бидејќи чл. 34 од Законот важи, односно не е престаната важноста на овој член со уредбата за прашањата од изборниот процес како што е случајот со чл. 8-а од Изборниот законик. Токму поради ова платежните картички за граѓаните и другите мерки предвидени од владата се во целосна спротивност со чл. 34 од Законот за спречување на корупцијата и судирот на интереси, вели Тања Каракамишева – универзитетски професор.

Веќе и официјално владата потврди дека предизборно ќе дели 355 милиони евра како помош за граѓаните, од опозицијата пак велат ова не било помош за граѓаните и компаниите погодени од економската криза, туку мерки за еднократен поткуп.

Мери Ѓорѓиевска

 

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста