ДКСК ќе го чешла случајот со која беше сместено струшкото јавно претпријатие „Водовод“

Антикорупционерите ќе го чешлаат случајот со продажбата нацелата парцела и зградата во која беше сместено струшкото јавно претријатие “Водовод” на исклучително атрактивна локација крај реката Дрим,за потоа општината да го премести во приватен станбен објект во центарот на градот за кој месечно плаќаат 3.170 евра кирија.

Случајот има тежина,затоа ќе ја прибавиме целата документација и потоа ќе следи работење по предметот–велат од ДКСК.

Да се продаде деловен објект на јавно претпријатие за потоа да се плаќаат високи кирии, првиот коментар е дека тоа оддава слика на недомаќинско работење. Кои се причините за тоа да се направи би било интересен податок за нашата комисија, зошто е продаден објектот, зошто се плаќаат толкави кирии, колку е всушност киријата по метар квадратен во тој регион-рече Билјана Ивановска-Претсед.на ДКСК.

Ќе видиме,велат актикорупционерите, дали во целиот случај со продажбата на имотот каде што беше сметен “Водовод” има корупивни елементи,се работи за атрактивно земјиште кое вреди многу,а дискутабилно е и тоа што во непосредба близина се наоѓа и Природаучниот музеј.

Јас колку што имам информации понатака може и да не постои и тука да изникне зграда. Затоа ако како комисија ние утврдиме дека има некои елементи би се вклучиле во истражување на овој случај бидејќи е интересен. Може да се случи Струга да остане без Природонаучен музеј, покрај криите високи вели Горан Трпеноски-член на ДКСК.

Што се оденесува на баснословните суми кои за кирија ги плаќа“Водовод”, и кои се најдоа пред гратските советници,министерот за локалана самоурава вели дека не знаел кому да верува,оти Мерко го уверувал во спротивното,иако за ова има извештаи.

Сега Вие отворивте тема за Струга,меѓутоа не знаеме каква е состојбата со сите други јавни претпријатија и други институции кои што плаќаат кирии во своите објекти и можеби треба државата или надлежните да воспостават некои критериуми до која цена може државни фирми или претпријатија или институции да плаќаат приватно кирија – рече Горан Милевски-мин за локална самоуправа.

Инаку, високи кирии плаќа и Јавното претпријатие за паркинзи „Еко Струга“ кое е сместено во истата зграда со “Водовод” –тие за простор од 65 кадрати плаќале по 2.000 кирија месечно.

Росица Гулабовска