Дивоградбите ја „сардисаа“ Галичица – невладините апелираат итно да се преземе нешто

Дваесет години на диво се градат вили,сместувачки капацитет со огромни габарити, цели хотели во месноста Велестово и останатите атрактивни средини во Националниот парк Галичица. Невладините организации бараат од надлежните институции да престане оваа неконтролирана урбанизација.На диво велат никнуваат објекти од кои некој дебело профитира.

Нема ни урбанистички пан, се ‘се прави на диво.Од моќници и поранешни и сегашни на некој начин селото е ставено во заложништво на тие моќници. Од значаен карактер е да се каже дека тоа село функционира со септички јами, така што тие фекалии на некој начин се слеваат и во езерото и во Билјанини извори – изјави Славе Ѓорго Димоски од Здружение „Велестово“.

Бараме да се почитуваат прописите пропишани со препораките на Унеско, да нема високи градби односно 50 % од вкупната површина на земјиштето и да нема градби повисоки од П+1 во село Велестово – изјави Борис Џајкоски од Е.Д „Грашница“.

Ништо поразлична не е ситуацијата и во околината на Велесто, во Рамне и Којнско, средини во кои доколку се работи плански, можат да бидат атрактивни планински дестинации со прекрасен панорамки поглед кон Охрид.

Староседелците таму во Велество и во другите места поради тоа што се изграден такви големи згради, немаат вода за пиење.Затекнати сме од истата проблематика секаде,узурпирањето и на еден начин мегаломанското размислување на одредени граѓани кај нас кои најчесто не се наши граѓани не се од Охрид,туку се од некаде – изјави Вик Какаротски од Здружение „Енхелеус“.

Обединети во здружението на екологости на Макеоднија,членовите на невланидите здриженија собраа потписи за  петиција која ќе ја достават до сите локални и државни институции,ако нема одек-подготвени сме велат за ова го информираме и Унеско.

Росица Голабоска

Advertisements