Дивоградбите и бетонирањето на Тетово поважно од состојбата со коронавирусот

Носење детални урбаниситички планови за бетонирање на Тетово и легализација на дивоградбите-судејќи по дневниот ред на денешната седница на тетовскиот Совет, се чини властите ги побркале приоритетите.За состојбата со коронавирусот во Тетово,кој полека станува ново жариште, нема ниту време, ниту место да се дискутира.Веќе подолго време се апелира да се свика седница на која ќе се расправа токму за анализата и мерките за помош на граѓаните и бизнис секторот. И денеска советничката група на ВМРО ДПМНЕ побара на дневен ред да се најде состојбата со ковид 19,но,безуспешно,оти поддршката само од Беса и Алијанса за Албанците ,не беше доволна.

Претседателот на Советот, како и останатите партии, СДСМ, ДУИ, и ДПА, останаа без коментар.Остана неодговорено зошто толкава итност во носење на деталните урбанистички планови. Инаку,се работи за левата страна на потегот од влезот на Тетово кај поранешната фарбика Шик Јелак,кон Клиничката болница,каде се предвидува изградба на дури 20-тина висококатници.Ова ќе значи ново бетонирање на градот,кој веќе има проблеми со загадување и недостиг на зелени површини, токму поради градежната офанзива.

Милена Вучевска

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста