Дивите сметководители „им го јадат лебот“ на легалните, државата годишно губи 100 милиони евра поради нелојална конкуренција

Дивите сметководители на големо „им го јадат лебот“ на лиценцираните, се жалат од Комората на сметководители. Велат дека државата годишно губи по 100 милиони евра поради нелојална конкуренција во секторот. Се пожалија и дека државата не водела сметка од каде ги прима извештаите, кои често ги подготвуваат дивите сметководители. Бараат итно да се елиминира нелојалната конкуренција, со што само легалните ќе имаат право да доставуваат извештаи до институциите.

– Мислам дека она што го бараме е многу разумно и во интерес и на државата и на сите економски чинители бидејќи ако се реши проблемот со сивата економија, автоматски ќе се зголеми и квалитетот на сметководствените услугите, вели Благоја Грозданов, член на Управниот одбор на Комората Грозданов и додаде дека овие проблеми мора да се решат бидејќи државната каса се полни на грбот на сметководителите.

Сметководителите велат дека мора да се стави ред професијата, односно да се подигне квалитетот во подготовка на извештаите, и да се стопира дивите сметководители да поднесуваат извештаи. Апелираат и дека е неопходно да се подигне интересот кај младите сметководители, зашто за 10-ина години државата ќе се соочи со недостиг на кадар.

– Согласно со расположливите податоци на регистрираните сметководители, просечната возраст на сметководителите е 53 години, а само 24 проценти од вкупниот број регистрирани се на возраст до 35 години, истакна Драган Митковски, претседател на Комората на сметководители.

Сметководителите Исто така, потребно е да се намали нелојалната конкуренција и сивата економија во секторот, како и да се зајакне интересот кај младите за проучување на сметководствената професија, зашто како таква, била неправедно е ставена на маргините.

Борис Грујоски