Дивиот забавен парк си ги пакува куферите, почна негова демонтажа

Дивиот забавен парк си ги пакува куферите, почна негова демонтажа

Дивиот забавен парк си ги пакува куферите. Ова следи откако сопственикот на земјиштето, каде што е поставен паркот,  побарал од фирмата „Дизниленд реквизити“ од Чаир раскинување на договорот.

Сопственикот на земјиштето достави информација дека договорот кој го имале склучено за закуп на земјиште со фирмата „Дизниленд реквизити“ од Чаир е раскинат и дека побарал да се испразни истото. Не сме известени дали и во која мера постапиле надлежните институции“, ни рекоа од Град Скопје.

Работниците кои ги затекнавме на терен ни рекоа дека добиле наредба од сопственикот да почнат со демонтажа на паркот.

Еден од луѓето за кои ни рекоа дека е сопственик на паркот, а кој не сакаше да ни се претстави зад камерата рече дека ова не е држава и дека намерата му била да отвори бизнис во Скопје, а со тоа и да плаќа работници кои имаат да издржуваат семејства.

„А во ваш прилог е вие што направивте да не можеме да работиме. Срамота е што ме малтретирате. Мојата страна е што јас имам да хранам десетина луѓе дома и дваесетина лица тука кои земаат плата“, ни рече сопственикот на Забавниот парк.

Претходно голем број од институциите меѓу кои и МВР, град Скопје и од општина Карпош излегоа со решенија дека забавниот парк ги немал потребни документи и сертификати за да работи.

Полиција, пазарни и градежни инспектори, како и инспектори од УЈП ВЛЕГОА во паркот за да проверат како една мала фирма од Чаир, без никаква дозвола и безбедносни стандарди поставила ризичен рингишпил. Беа направени записници од констатираните прекршоци, а беше поведена и постапка за затворање на паркот и отстранување на опасните реквизити, меѓу кои е и панорамското тркало.

Љубиша Владимиров

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста

COMMENTS

Wordpress (0)
Disqus ( )