ДИТ не успеа да влезе во „Беса транс“, куќата на сопственикот ја чува полиција

Државниот инспекторат за транспорт вчера се обидел но не можел да изврши вонреден инспекциски надзор во компанијата „Беса транс“. Како што изјави директорот Руфат Хусеини, канцелариите, и на компанијата, и на нејзините агенции биле затворени, а никој не се јавувал на телефон. Директорот Хусеини изјави дека сега ќе достават писмен допис до „Беса транс“, и ќе закажат термин  за да го извршат вонредниот инспекциски надзор. Aко сопственикот одбие да ја прими доставницата тогаш ќе се изврши достава, преку Mинистерството за внатрешни работи. Според информациите на бугарската национална телевизија чија екипа вчера се обидела да стапи во контакт, со сопственикот на „Беса транс“ Беким Хаџиу, неговата семејна куќа во селото Рашче, ја чуваат полицајци, затоа што газдата на компанијата примал закани за убиство.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста