Директорот на штипската болница бил дежурен, кога починала 41-годишната беровчанка

Кобниот ден кога почина 41годишната беровчанка, дежурен лекар на инфективното одделение во штипската болница бил директорот д-р Ален Георгијев, тврдат од ВМРО – ДПМНЕ. Тие побараа оставка од Георгиејев и од министерот Филипче, а од Јавното обвинителство – во целост да го истражи случајот.

Опозицијата има барање и за ДСЗИ – јавно да го објави извештајот од направениот вонреден надзор. Според опозиционерите апсурдно е директорот сам на себе да си констатира неодговорност и пропуст при извршувањето на лекарските задачи во организацијата каде што е раководител

“Со решение му е дадено овластување на директорот веднаш да ја свика Кoмисијата за следење на квалитет која ќе утврди фактичка состојба за спроведеното лекување на пациентката и околностите кои довеле до смртен исход. Значи случајот со смртта на пациентката која не добила кислород треба да го испитува и решава директорот на клиничката болница кој бил дежурен тој ден.” – изјави Иван Јoрданов-пратеник на ВМРО-ДПМНЕ од Штип.

Во соопштение кое во попладневните часови беше лиферувано до медиумите пишува дека тој директорот на штипската болница Ален Георгијев под полна кривична, морална и матeрјална одговорност, тврди дека пациенката починала, пет часа пред доаѓање на неговото дежурство. Тој побара Јорданов јавно да се извини на медицинскиот персонал и на него лично. Веќе трет ден штипската болница ја тресе скандал. Ќерката на 41 годишната беровчанка која почина на инфективно тврди дека нејзината мајка буквално молела за кислород, а здравствените работници кои таа вечер биле дежурни воопшто не одгаварале на телефонскиот број кои им бил даден за комуникација со нив. Како доказ јавно го објави листингот од телефонот на нејзината мајка.

Александра Ристевска

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста