Директорот на прилепски „Водовод” молчи за кривичната пријава за „несовесно работење во службата”

И по безмалку една недела од поднесувањето на кривичната пријава од страна на МВР против првиот човек на прилепски „Водовод и канализација“, Емил Јанески кој се товари за „несовесно работење во службата“ и предизвикување на штета врз буџетот од препријатието во висина од 2.300.000 денари, од директорот се уште нема никава реакција. Предизвикани од неговиот молк, локалните опозиционери побараа Јанески јавно да кажел дали и колку се офајдил од оваа зделка.

„Според пријавата која ја заработи тој во текот на 2018 година во  име на претпријатието спровел постапка за набавка на „уред за скенирање на подземни линии“ и наместо преку неа да овозможи рационално и ефикасно користење на средствата од претпријатието, после спроведената електронска аукција на која била постигната висока цена, наместо да ја поништи постапката затоа што цената била висока, Јанески донел и своерачно потпишал „одлука за склучување на договор“. – изјави Кети Спировска, ОК на ВМРО ДПМНЕ Прилеп.

Според прилеската опозиција, ова не било прв пат името на Јанески да се скандализира, притоа алудирајќи на неодамнешното истекување на фекалии од Пречистителната станица.

 

Каролина Дурло

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста