Директорот на прилепската Болница изгуби нерви заради прашањата на Алфа

  „Политички поени да прајте од Алфа..Ти реков, повеќе нема тебе да ти давам интервју“, д-р Драган Богоески, директор на Болницата.

 Трагајќи по потврда на информацијата, објавена од проф. д-р Дејан Трајковски дека Прилеп според процентот на новозаразени пациенти станува нов Вухан, а кој изнесува 60 насто од тестираните, директорот на прилепската Болница д-р Драган Богоески изгуби нерви и целосно ја загуби контролата, па вербално и со висок тон, пред бројни сведоци, се нафрли на нашата екипа. Тој освен што одби да одговори на поставеното прашање, се закани и дека  во иднина влезот во Болницата за нашата телевизија, многу лесно може да биде забранет.  

   „Прво да ти кажам нема да ти одговориме на тоа прашање..Друго прашање поставувај..Дали имаш друго…за тоа нема да ти кажиме ништо…Значи тој..Дејан Трајковски лично го знам и му фали штица..Значи на то прашање нема да одговориме..ич не го поставувај…“, – со висок тон и крајно нервозно ни се обрати д-р Драган Богоески.

    Инаку, д-р Богоески и пред два дена, телефонски не’ предупреди дека не му се допаѓал начинот на нашето известување и дека заради тоа во иднина ќе престене да дава изјави за ТВ Алфа.

Каролина Дурло

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста