Дипломатско возило прегази полицаец пред Влада

Дипломатско возило прегазило полицаец. Инцидентот се случил попладнево пред седиштето на Владата каде дипломатско патничко возило сопственост на Романија удрил во полициски службеник.

Станува збор за еден од полицајците кој се распоредени околу објектот на Владата. Несртеќата се случила на булеварот Свети Климент Охридски. Според првичните информации, колегите на полицаецот кои биле бна лице место му пружуиле првична помош, по што тој бил пренесен во Градската општа болница Свети Наум Охридски за укажување помош.

Од МВР го потврдија случајот. Романското дипломатско возило го управувал 54 годишник, но не е јасно дали е дипломат или можеби локален претставник на државава кој работи во ова дипломатско претставништво.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста