Димовски:И да се спојат ДЗС и ЦУК, не значи дека системот ќе профункционира

Димовски:И да се спојат ДЗС и ЦУК, не значи дека системот ќе профункционира

Пожарите кои ова лето беснееа во Македонија и оставија пустош зад себе, говорат за целосно затајување на системот и потполна нефунционалост на државата кога се во прашање елементарните непогоди.Актуелната владата наследила хаос и неорганизираност во сите институции кои треба да бидат дел од системот за справување со кризи.

 Проблемите се во нефункционирање на системот. Летниве пожари се всушност огледалото на државата која што не функционира како што треба и затоа ќе треба да се транформира тој систем.Често во јавноста се зборува дали е потребно да се спојат Дирекција за заштита и спасување со Центарот за управување со кризи.Можно е и тоа решение,ама  тоа нема да значи дека ќе го имаме конечното решение, дека системот ќе функцонира – вели Љупчо Димоски,заменик претседател на Влада

Владата неодамна формираработна група сочинета од претставници на сите надлежни институции која има за цел да изнајде решение за трансформација на системот за управување со кризи,процес кој ќе трае 2 до 3 години,но ќе биде ефикасен.Димоски исто така кажа дека ќе има измени на повеќе од 10 закони, а ќе се изготви и нов закон за пожарникарство.Ќе се прошират вели институциите кои ќе бидат вклучени во системот за справување со кризи.

Охрид е една од општините кои се соочија со пожари, пламените јазици буквално ја проголтаа цела Стара Галичица.Општина Охрид од сопствената каса и оваа и наредната година ќе издвои сретства за доекипирање на пожарникарите како со опрема,така и со потребните противпожарни возила.

Општината Охрид во изминатите 2 и пол години откако сум дошол ние сме немале пристапни возила на непристапен терен затоа што покрај шумите кои сега се сретнавме како проблем, ние имаме населени места кои што едвај поминува возило а камоли противпожарна цистерна -вели Кирил Пецаков-градоначалник на Охрид

Инаку во моментов од трите ер-трактори за гаснење на пожари, два се на сервис.Владатадонесе одлука со која се одвојуваат значителни сретства за набавка на противпожарна опрема и ресурси.Истото така ќе се решава и проблемот со пилотите на воздухопловите за гаснење на пожари.Додека да профункционира новиот систем за управување со кризи,Димоски со апел да се контролира неразумното и неодговорно движење низ шумските појаси на планините.

Росица Голабоска

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста