Димовски:Хаосот со личните документи во режија на СДСМ и ДУИ е терористичко загрозување на уставниот поредок

Димовски:Хаосот со личните документи во режија на СДСМ и ДУИ е терористичко загрозување на уставниот поредок

Хаосот со личните документи во режија на власта на СДСМ и ДУИ е терористичко загрозување на уставниот поредок предпуредува поранешниот пратеник Илија Димовски. Тој алармира дека власта треба итно да “смисли” нова стратегија, за граѓаните кои немаат лични карти да не останат извисени и без право на глас за престојните избори. Димовски препознава смислено сценарио во режија на власта во обид да ги спречи граѓаните да излезат и да гласаат на претседателските и парламентарните избори.

Уставот им гарантира право на глас на сите граѓани на Република Македонија. Меѓутоа нема можност со било каков акт понизок од Уставот да се одземе тоа право коешто уставот го гарантира прецизно и јасно.Секој обид и секоја манипулација и одложување на решавањето на тој проблем е тешко кривично дело. Е ова е терористичко загрозување на уставниот поредок, а не она што беше на 27-ми април”вели поранешниот пратеник во собранието, Илија Димовски.

Според Димовски, овој потег на власта е и повеќе од очекуван, со оглед на рејтингот кој секојдневно е во слободен пад.

Власта ќе најде начин не би сакал да верувам дека ќе си играат со вакви сериозни проблеми во обидот да спасуваат нешто – нема спас. Ќе паднат од власт и нека биде тоа на достоинствен начин” – вели Димовски.

За дополнителните проблеми во предизборниот процес, алармираше и техничкиот министер за внатрешни работи Панче Тошковски. Тој предупреди на сценарио за евентуален изборен инженеринг од страна на СДСМ и ДУИ. Дополнително освен проблемот со личните карти, е тоа што се уште не е формиран оперативниот штаб за изборите, како обврска на директорот на БЈБ Сашо Тасевски. Тошковски откри дека повеќе пати го барал тоа од него, последен пат со назнака „веднаш“ на 27 февруари, но се уште нема одговор.

И Народниот правобранител алармираше дека Владата треба што поскоро да излезе во пресрет на граѓаните кои немаат валидни лични документи, за да има фер изборен процес.

Инаку, во текот на февруари се пресакажени 125 илјади термини, односно граѓани кои требале да се фотографираат во текот на летото, добиле порака дека нивниот термин ќе биде порано од првично предвидениот. 

Ања Лукарова

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста