Димовски за Алфа: Ако трпи штета работникот – ќе трпи цела држава, сите на улица ако нема раст на платите

Сезоната на протести и штрајкови почна, но ќе засили од понеделник, а ако нема посакуван епилог, ќе кулминира на 1 мај. Сојузот на синдикати на Македонија, кој што стои зад своите колеги од другите синдикати, ќе чека до денот на трудот – власта да го исполни барањето, за раст на сите плати.

Ако работникот трпи штета, ќе трпи и цела држава, вели во интервју за Алфа – првиот човек на ССМ Дарко Димовски. Рече дека ако од 1 мај не се исполнат барањата за раст на сите плати за 2.806 денари, протестите ќе се радикализираат.

  • Место за празнување, ние се одлучивме за протест. На тој начин сакаме да го изразиме нашиот револт во однос на обезвреднување на трудот на работникот. Новите податоци, врз основа на официјалните бројки од Државниот завод за статистика, покажуваат дека минималната синдикална кошница во март иознесува 36.786 денари. Во јануари, таа беше 35.811 денари. Значи, од почетокот на годинава, на едно четиричлено семејство му се потребни дури 975 денари повеќе за опстанок. И тоа, овој износ е пресметан со претпоставка дека семејството нема автомобил, а речиси и да нема семејство без автомобил. Дали во вакви услови е нефер тоа што бараме зголемување на сите плати по 2.806 денари, колкав што е растот на минималната плата? – праша претеседателот на Сојузот на синдикати, Дарко Димовски, обзнанувајќи ја одлуката за првомајскиот протест.

Тој уште од сега ги повикува не само членовите на ССМ, туку и сите вработени, па и незадоволни пенизонери да излезат на улиците на 1 Мај и да ја покажат својата моќ и своето незадоволство.

Со Дарко Димовски разговараше Борис Грујоски.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста