Димовски: Најдоцна до мај наредната година, државата и мора да биде подготвена за превенција и заштита од пожари

Димовски: Најдоцна до мај наредната година, државата и мора да биде подготвена за превенција и заштита од пожари

  „Само во последнава деценија штетата од пожарите во Македонија е проценета на околу 130 милиони евра. Тоа е огромна сума која, како нова Влада не’ принуди итно да се зафатиме со изготвување на системска стратегија за превенирање и заштита од пожари, а на што, како стручен тим, ние веќе и работиме“, порача денеска од Македонски Брод, вице-премиерот Љупчо Домовски.

 „Ова е сериозен, долг процес, не е тоа работа за еден месец за да се постави системот како што треба. Потребно е да се направи анализа, анализата би требало да биде готова до крајот на годината изготвена, а после тоа да се прави стратегијата. Но, како приоритет за сите нас е Македонија да биде подготвена  до некаде април-мај месец за евентуални ризици што би можеле да се повторат како што се случи ова лето“, – изјави Љупчо Димовски, вице-премиер за политички систем.

  Но, освен на државно ниво, итно треба да се дејствува и на локално, односно и општините да си изготват програми за поефикасно справување со ваквите непогоди. А општина Македонски Брод, како една од најпогодените општини од пожарите летоска, а каде сериозно беше загрозен и Националниот парк „Јасен“, веќе работи на тоа, уверува градоначалникот Жарко Ристески.

 „Се вмреживме со мисијата „Флоријан“, така што веќе очекуваме во текот на утрешниот ден добиваме донација – противпожарно возило со комплетна опрема за 20 пожарникари, се со единствена и крајна цел да не ни се повтори она што ни се случи во ова изминато лето“, – рече Жарко Ристески, градоначалник на Македонски Брод.

 „Во „Јасен“ се опожарени околу 1500 хектари шума што е голема површина…Ние како ЈП во перидот кој што следи настојуваме да се спремиме, да бидеме поподготвени за да интервенираме навремено…Се обидуваме да изнајдеме проекти за да земеме одредени средства кои што би ни помогнале во периодот кој што следи“, – кажа Ангеле Сотировски, директор на ЈП „Јасен“.

    Инаку, вие-премиерот Димовски најави и скора изградба на Тренинг-центар во Кавадарци за обука на пожарникари-волонтери, бидејќи според него, нашиот најголем проблем е малубројноста на стручно оспособени пожарникари. Обуките би требало да ги вршат странски инструктори, вели Димовски.

https://www.youtube.com/watch?v=bsayXRuALzY

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста