Димова замунува од директорската позиција, но сомнежот за злоупотреба на европските пари се продлабочува

Како е можно фризерницата, како петто рангирана да добие огромен грант од агенцијата предводена од Лидија Димова? Зошто парите не легнале на сметките на некој од првите организации?

Според листата за евалуација на фримите, В.Е.З. трејд на Зоран Златковски, го собрала шлагот откако две претходни биле ставени на резервна листа, а една била одбиена со образложение дека има конфликт на интреси, објавува  а1он. Раководството на одбиената ја тужи Агенцијата, а поднеле жалба и во Брисел.  

Но сличен конфликт на интереси има и кај сопственикот на „В.Е.З. трејд“, ама  сепак си доби грант. На која основа е нејасно. Засега блискоста на Димова и Златковски е видлива на една фотографија на која двајцата седат заедно во кафеана, но се појавија заедно и на единствената пресконференција на која Димова ги демантираше обвинувањата.  

Првите два рангирани проекти се одбиени, а следен кој бил одобрен е третиот проект на братот на пратеникот од СДСМ, Диме Велковски, проектот познат во јавноста за избери сирење, во вредност од над 125.000 евра за кој говоревме во нашите прес конференции претходно. Одобрен е и проектот на фризерницата ВЕЗ Трејд, на пријателот на Лидија Димова, кој што може да се видат заедно во кафеана на фотографии, кои има можеби најмалку бодови доделени од страната на евалуаторите, но сепак од комисијата бил одобрен иако според одредени членови во Законот пропишани имало судир на интереси од страна на ВЕЗ Трејд со вработена во Националната агенција. Најверојатно ова не го препознале во агенцијата или не сакале да го препознаат“ – вели Димче Арсовски- потпарол на ВМРО-ДПМНЕ.

Парите давани за тренинзи на магариња, избор на  сирења, едукација за медиумска писменост од страна на берберница, ја кренаа јавноста на нозе. Под притисок на јавноста Заев побара од Управниот одбор на агенцијата да ја разрешат Димова заради неетичко постапување.

Засега од Димова се бара само разрешување, но опозицијата се сомнева дека случајот може да заврши тука односно Димова да не одговара кривично. Сепак институциите се на потег. Финансова полиција веќе работи на случајот но нејзиниот директор не одговори на повиците на Алфа за детали.  

Мери Ѓорѓиевска

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста