Димова обвинува дека некој со неа ја замајува јавноста, оставка не дава, а Брисел знае се за скандалот

Неколку дена сум предмет преку кој се замајува јавноста, за сите проекти Брисел е уредно информиран, а оставка нема да си дадам – директорката на Националната агенција за европски образовни програми и мобилност одлучи да се појави на прес конференција. Скандалите за нејзиното располагање со европските пари се тешки над половина милион евра. Димова вели не дала пари на фризерница туку на претпријатието „Вредност за европско знаење“,  што обавувала повеќе дејности, 90 илјади евра за службени автомобили била потрошена сума за  тригодишен лизинг на возилата, а магарињата, липицанерите и обуката за гостопримство во Кипар биле реални проекти а не шега.

Додека таа се објаснуваше пред камерите, случајно или намерно баш тогаш упадна Финансиска полиција во Агенцијата, но не сакаа да зборуваат со новинарите.

  • Колеги станува збор за недоразбирање, за многу пари дадени на господинот Златко Златковски,јас морам да кажам дека направив проверка уште еднаш и неговите проекти се оценети од седумина евалуатори, сите се различнни. Значи ниту име не се повторува, од евалуаторите – изјави Лидија Димова директор на Националната агенција за европски образовни програми и мобилност.

На пресот беше и дикректорот на фризерницата, Зоран Златковски, кој влезе во караница со новинарите додека го прашуваа која дејност ја извршува неговата фирма.

Против Димова отворен е предмет и во Антикорупциската Комисија, по пет пријави за неа, но комисијата никогаш не и се извинила како што таа тврдеше претходно.   

  • Институциите се неажурни, не избравме начин ние некој да оцрниме, туку тоа беше начин на известување на јавноста поради пандемиски услови што неможете вие новинарите да учествувате на во текот на целата седница. Друго, што се случува, таа веќе реагираше јавно, на фејсбук, и јас и реплицирав со објаснување и јавно ја повикав да дојде до Државната комисија за спречување на корупција и денот кога дојде немаше простор за реципрочно извинување рече за Алфа, Нури Бајрами.

Вчера за Алфа став за скандалот даде Европската комисија. Го следат случајот и сите обвинувања, а ако се идентификуваат нерегуларни трошења на парите истите ќе треба да бидат вратени- рече портпаролката за образование.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста