Димковски се фали со грантови за жени земјоделки, фармерите му порачуваат дека нивна заслуга е оваа мерка, а не на министерството

Жените во руралните средини ќе можат да аплицираат за грантови за да започнат сопствен земјоделски бизнис, без ограничувања како што до сега беше условот со брачен статус и слично. Министерството за земјоделие денеска ја промовираше т.н. мерка 115, со која се означува и стартот на јавниот повик што ќе трае до 26 декември 2019 година, за доделување на грантови за добивање на неповратни средства од максимум 3000 евра по човек.

-Целта на оваа мерка е да ја подобриме економската состојба на жените, да се зголеми бројот на регистрирани жени земјоделки и да придонесеме за вреднување на нивниот труд. Инвестирањето во жените земјоделки е инвестирање во еднаквите можности за сите во државата, рече денеска министерот Димковски.

Но тој никаде не спомена дека оваа мерка е резултат на позитивниот притисок од невладиниот сектор, односно дека е донесена како резултат на иницијативата на НВО, а произлезе од специјална координативна група за родова еднаквост во која членувале и работеле и претставници од Мрежата за рурален развој, Миниситерството за земјоделство, Министерството за труд и социјална политика, Агенцијата за потикнување за развој на земјоделството, Платежна агенција, и е подржана од UN Women. Димковски ја презентираше како лично достигнување.

Националната федерација на фармери го поддржа стартот на повикот и очекува жените масовно да се пријавуваат за добиваање грантови. Но нагласуваат оти работите што се носат на иницијатува на руралниот невладин сектор треба да се нагласат, оти без нив министертвото не ги знае состојбите на терен. А тие се и коректорите на владините политики.

-Она што сакаме да потенцираме дека дефинирањето на критериумите на Мерката 115 е целосна работа и заложба на кординативната Апелираме дека други мерки, стратeгии и закони треба на ваков начин да сеработат во заедничка комуникација и дејствување помеѓу невладиниот сектор и државните институции. Ние како организација за тоа се залагаме и сме подржани во нашето дејствување од Шведксата развојна организација We Effect. Националната федерација на фармери уште од 2014 година се залага за измена на дискриминаторните мерки на мерката 115 (во мерката се бараше жената да е во брак да има 1 дете, да е невработена и да живее на надморска височина од 700 метри), кои се изменети на владина седница во пролетниот период оваа година на барање на Министерството за труд и социјална политика и Националната федерација на фармери, вели претседателката на НФФ, Васка Мојсовска.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста