Димитров: Во случајот „Макпетрол“ и владата, некој ќе ќари повеќе, има и друга позадина

Државата може во определени моменти, да се откаже од профит, од добивки, за да помогне на стандардот на граѓаните во определени тешки моменти а би рекол дека со пандемијава со укочено стопанство, токму е таков моментот. И не е навистина мудро да зголемуваш цена на енергенти за граѓаните, а компаниите еве како ЕВН да си го остварува својот профит. Значи сметам дека е добро да биде во сопственост на државата“ вели ПРОФ. Д-РКОНСТАНТИН ДИМИТРОВ -ПРЕТСЕДАТЕЛ НА ЦЕНТАРОТ ЗА ЕНЕРГЕТСКА ЕФИКАСНОСТ

Дали има нешто чудно во ова што се прави? Не да има нешто, туку има нешто да не можеме да го објасниме зошто од еднаш за 10 милиони евра се зголемува  вредноста, бидејќи имаше пред ¾ години  исиот овој процес го водеше Владата на ВМРО-ДПМНЕ, и колку што се сеќавам тоа беше отприлика околу 20 милиони вредноста, која што беше проценета со проценители.. Зошто тогаш не се реализираше купопродажбата на акциите не можам да кажаам.. И сега за четири години да се зголеми капиталната вредност за 50% е навистина чудно. Бидејќи во овие 4-години немаме толку големи капитални вложувања во преносниот систем каде што би бил ГА МА или др. Немаме ништо забележано толку од еднаш да ја дигне вредноста на ГА МА фирмата“ додава вели ПРОФ. Д-РКОНСТАНТИН ДИМИТРОВ -ПРЕТСЕДАТЕЛ НА ЦЕНТАРОТ ЗА ЕНЕРГЕТСКА ЕФИКАСНОСТ.

Но самата постапка, нешто што самата Влада има законска постапка и право и можност да го прави, а сака да се исчисти од тоа па врелиот костен го префрла во рацете на Собранието е уште еден доказ дека барем според мене не е чиста или имам право да се сомневам дека не е чиста. И се сомневам-заклучува Димитров.    

Секоја година Макпетрол си остварува профит со тоа што е сопственик на тој систем. И си влече тантиеми од тоа, и не вложува или вложува нешто што не знаеме колку, неможам да кажам. Но сигурно има профит. А од друга страна би можеле да кажеме дека е некаков кочничар за развојот на гасификацијата во Македонија. Бидејќи за Макпетрол е многу поекономски оправдано да продава течни деривати отколку да го развива и да вложува во системот на гасификација и да се смали потрошувачката на течни деривати. Дури и едно вакво сценарио може да се случи заклучува вели ПРОФ. Д-РКОНСТАНТИН ДИМИТРОВ -ПРЕТСЕДАТЕЛ НА ЦЕНТАРОТ ЗА ЕНЕРГЕТСКА ЕФИКАСНОСТ

Во продолжение дел од разговорот со Констандин Димитров.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста