Димитров: Поскапувањето, односно поевтинувањето на струјата во овој момент е предизборен поткуп

Поскапувањето односно поевтинувањето на струјата во овој момент е политички маркетинг во пресрет на изборите, а не реално намалување, зашто пониски, односно исти сметки граѓаните ќе плаќаат само оваа година, вели за Алфа енергетскиот експерт Константин Димитров. Според него, ова е привремено решение кое ќе и нанесе уште поголеми штети на енергетиката, а граѓаните секако ќе ја платат поскапата струја. Дупката во буџетот ќе ја почувствуваат сите кои ќе плаќаат повисоки цени по други основи.

  • Новата цена на струјата во овој момент е политички маркетинг во пресрет на изборите, а не реално намалување, зашто пониски, односно исти сметки граѓаните ќе плаќаат само оваа година. Користењето на ова е потреба на граѓаните и затоа државата, регулаторот, добро треба да размислат пред да носат какви било одлуки. Државата да посвети повеќе внимание на сите нас. Кредитите ние ќе ги плаќаме со години, и ваквата игранка ќе биде на наш грб, вели вели за Алфа енергетскиот експерт Константин Димитров.

Дека ваквите цени на сметките за струја нема да останат исти, предупредуваат енергетските експерти. Вели веќе следната година граѓаните ќе плаќаат поскапа струја оти данокот на додадена вредност ќе се покачи на 10%, а вистинската цена на струјата ќе ја имаме за две години кога ДДВ-то ќе се врати на 18%.

  • Тие пари ги нема, задолжени се, кој ќе ги плаќа? Пак ние, кој може друг. Буџетот го формираме ние, фирмите кои ќе се уништат, значи тотално девастирање на економијата во Македонија. Енергертиката е развој на стопанството, како рекол тој францускиот цас: „После мене потоп“, очекувам да изгубам, али до сега колку може да се нафатирам со средства, додава Димитров.

Инаку, струјата поскапе за 12,36%, но сметките на граѓаните ќе останат исти, односно со минимално намалување поради намалувањето на ДДВ-то од 18% на 5%. Регулаторната комисија апелира да се најде системско решение за данокот на додадена вредност, зашто цената на струјата врши најголем удар врз најранливите категории.

Претходно, дел од енергетските компании реагираа за неприфаќањето на нивните трошоци од страна на Регулаторна и најавија и тужби. Компаниите од регулаторот бараа поскапување од 50 денари на сметка од 1.000 денари, но Регулаторна прифатила само 6 денари на што се додаваат маржата и останатите трошоци.

Борис Грујоски

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста