Димитров: Поскапувањето на електричната енергија е резултат на погрешните политики на власта

Погрешните политики на власта  доведуваат до зголемување на цената а електричната енергија децидни енергерските експертите. Регулаторната комисија за енергетика не треба да ги штити интересите само на големите компании, туку на потрошувачите односно граѓаните бидејќи се паѓа на нивен грб вели експертот Констадин Димитров за Алфа. Димитров вели има причини на чии резултат следува покачувањето, но истите се и многу сомнителни.

Пред две години, кога се обезбеди намалување на цената на производството на електричната енергија, од 42 евра на 35 евра за MW/H, и тоа беше многу потенцирано дека работат многу економски беше направен голем профит со продажба на електричната енергија во летен период и ги испразнивме нашите акамулациони езера, па сега веќе две три години нема вода, од езера направивме реки таму,  значи една погрешна политика.. Каде е сега тој профит сега да се влијае тука да нема покачување на електричната енергија? Значи еден маркетиншки потег за да се добијат поени пред избори вели Констадин Димитров-експерт.

Електро-стопанство на Македонија и МЕПСО, во сопственост на државата, каде директно Владата управува, и покрај големите добивки за период  од две години потонаа во минус и бараат зголемување на цената на електричната енергија од Регулаторна – смета Димитров.

Незнаат, неквалитетен кадар, пишува шнајдерки, флизерки ќе вработуваат во МЕПСО, не може така, ги трошат парите. Чии пари ги трошат, вашите пари. Ако нема ќе позајмат, ама пак ние ќе ги враќаме нема Владата. Зошто регулаторна не каже дека за производство на електрична енергија просечно во светски рамки толку и толку луѓе?  Регулаторна има можност да ги одбие барањата на компаниите ако смее, што не верувам. Ќе направи како што ќе им наложат, и затоа што ако каже треба толку вработени не ти признавам 1000 плати за вработени, и ете од еднаш нема потреба да се зголеми-вели Констадин Димитров-експерт.

Еден од аргументите за покачување на ценета на струјата е вложувањето во зелената енергија, ќе се градело сончеви централи вели Димитров. Ќе се произведуваат 350 кило ват часови енергија, но вложувањето во проектот пак ќе бидат пари од народот.

Зошто владата не помогне на народот? Еве еден обичен пример. Од сите тие пари кои се придвидени за ова, нека доделат на секоја фамилија што сака да вгради сончеви колектори по 2 илјади евра, мислам дека 4 илјади евра да се вгради една таква простројка индивидуална, ќе се се произведе поголема колочина енергија, тоа се над 100 илјади фамилии кои ќе добијат по 2 илјади евра од тие пари, помалку ќе трошат од произведената енергија и ќе дадат во мрежата дополнително. И од еднаш имаме, помагаме на 100 илјади фамилии, произведуваме енергија и заштедуваме во транспортот на електрична енергија-вели Констадин Димитров-експерт.

Експертот наметнува и друга дилема. Ако имаме дополнителна или недостаток на електрична енергија, дали државата размислува како ќе се набави потребната односно што ќе правиме со вишок на произведена зелена енергија.

Викторија Миткова

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста