Димитров останува на паролата „ќе не биде“, ама на крајот, а кога е крајот не знае

По бриселското фијаско виден пад на оптимизмот кај вицепремиерот за европски прашања. Никола Димитров останува на својата парола „ќе не биде“, ама на крајот. Kога е крајот не се знае.Токму Димитров, кој го потпиша договорот од Преспа, со цел Македонија да напредува кон ЕУ, сега веќе не е сигурен кога државата ќе го добие подарокот за сите досегашни отстапки.

-На крајот ќе не биде. Има една изрека што често сам си ја повторувам, „на крајот ќе биде добро, ако не е добро уште не е крајот“, изјави Димитров.

За разлика од минатите години кога токму патот кон ЕУ беше единствената агенда на власта, со која ги оправдуваат сите неуспеси на домашен план, по бугарското вето, промена на реториката на Димитров. Сега вели поважно било да си гледаме во својот двор.

-Мислам дека повеќе треба да се фокусираме како тоа го поминуваме времето дома, не на датуми на следниот месец, кога ќе биде следната. Одлука добивме, самата ЕУ вели ова е ужас, што не успеавме да си ја спроведеме својата одлука, изјави Димитров.

Разочараност од европската рампа изрази и министерот за надворешни работи Бујар Османи. Вели сме исполниле се, па да се надеваме идниот период ќе добиеме датум за преговори.

-За жал не се искористи таа можност, тоа чисто досие, да се даде шанса да се почнат преговори и да биде пример за другите држави, кои имаат стремежи на овој пат. Но, мора да сфатиме дека овој процес е обременет со многу пречки, ова еден од најтешките и најкомплексните процеси за една држава. Беше обременет во минатото, ќе биде и во иднина, изјави Османи.

Инаку, ова не е прв пат Македонија да извиси кога е во прашања стартот на преговорите, ист ладен туш од Брисел добивме и лани, па датумот кој многу пати беше најавуван како сигурен од актуелната власт, повторно нема да го добиеме.

Матеја Петровски

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста