Димитров: Да бидеме реални, нема гаранции за преговори во јуни

Нема гаранции дека Македонија ќе ги почне преговорите со ЕУ во Јуни,признава вицепремиерот за евроинтеграции.Дури вели дека надежта за позитивен исход за земјава не треба нереално да се поткрева. Доколку нема решение за отворените прашања о источниот сосед сите ќе бидеме губитници. И Македонија и Бугарија, но и ЕУ. Секако ние имаме најмногу што да изгубиме, истакнува Димитров.

“Нема гаранции, да бидеме реални. Не сакам ни надежта којзнае колку да ја поткревам. Мое е да го кревам влогот и да бидам што е можно поискрен и дома и надвор”, рече Димитров.

Ваквиот став на Димитров за реалната состојба на македонската европска перспектива во многу се разликува од неговите позиции во минатото. Пред три години како министер за надворешни работи, заедно со Заев и Османни од авион со кренати палци и широки насмевки на македонските граѓани им порачаа дека Македонија добила датум за преговори.

Слично размислува и министерката за одбрана Шекеринска. Не очекува пресврт во односите со Бугарија доколку таму нема политичка влада.

” Ние не можеме да ја избериме бугарската влада и не можеме да го создадеме преговарачот од другата страна. Тоа на што не можеме да влијаеме погрешно е да го прогнозираме”, рече Шекеринска.

За разлика од Димитров и Шекеринска, османи во обид за дипломатска офанзива со писма. Им пишал на министрите за надворешни работи на земјите членки на ЕУ, претсдателите на политичките партии во Европскиот парламент и пратениците од неформалната група пријатели на Македонија. Но писмо испратил и до бугарските европратеници. Кредибилитетот на процесот на приклучување на регионот во ЕУ е под сериозен тест смета Османи. Целта на писмата ако што велат од МНР е во Јуни да се материјализира одлуката од Март минатата година. Да се усвои преговарачката рамка за Македонија и да се одржи првата меѓувладина конференција.

Градимир Марковски

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста