Димитријевиќ во „ТОП 5“ млади кошаркари во Шпанија

Нашата најголема кошаркарска надеж доби уште едно големо признание во Шпанија. Ненад Димитријевиќ се најде во идеалната петорка на млади кошаркари во Еднеса лигата.  По бројот на гласови во анкетата, тој го освои третото место, најмногу благодарение на навивачите, а веднаш потоа и од новинарите и тренерите. Димитријевиќ е во друштво на Карлос Алоцен и Вит Крејчи од Сарагоса, Усман Гаруба од Реал Мадрид и Арнолдас Кулбока од Билбао Баскет. Ова е големо признание за еден од нашите најперспективни кошаркари во најсилната лига на стариот континент.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста