Димитриевски најави формирање на специјален тим за борба против корупцијата

Димитриевски најави формирање на специјален тим за борба против корупцијата

Специјален тим кој ќе се бори против корупцијата и организираниот криминал, реформи во правосудството и враќање на довербата на граѓаните во институциите – кандидатот за претседател од движењето ЗНАМ, рече дека Македонија уназадува на сите полиња и мора да се направи стратегија за државата да оди напред.

Македонија уназадува на сите полиња, особено во делот на борбата против криминалот, корупцијата и правосудството, Македонија е со најнизок економски раст и развој во целиот регион. Ако ја добијам довербата, од позиција на претседател, првенствено би предложил формирање на специјален тим кој би изградил стратегија за борба против корупцијата и организираниот криминал во државата – рече претседателскиот кандидат од движењето „ЗНАМ-За наша Македонија“, Максим Димитриевски.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста